Министерот за економија на РФ: Запад тешко дека ќе воведе нови санкции против Русија

Министерот за економија и развој на Русија, Алексеј Уљукаев смета дека нема да бидат воведени нови санкции против Русија, а сегашните нема да бидат укинати во 2015 година.

Министерот за економија и развој на Русија, Алексеј Уљукаев смета дека нема да бидат воведени нови санкции против Русија, а сегашните нема да бидат укинати во 2015 година.

„Сметам дека нема да има следен пакет нови санкции. Ми се чини дека веќе воведените санкции подолго ќе се задржат, независно од развојот на ситуацијата во Украина, т.е. дури и да се постигне мир, ќе треба да се навикнеме на санкциите. Иако во прогнозата за економскиот развој ние веќе испланиравме укинување на санкциите во 2015 година, ми се чини дека тоа нема да се случи“, изјави шефот на Министерството за економија на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња