Медведев: Русија е заинтересирана за присуство на европскиот пазар

Русија е заинтересирана за развој на односите со ЕУ доколку партнерите не наумат да ја избркаат Русија од европскиот пазар, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Русија е заинтересирана за развој на односите со ЕУ доколку партнерите не наумат да ја избркаат Русија од европскиот пазар, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

„Ние ги цениме европските партнери и сакаме со нив да ги развиваме односите. Имаме преку 400 милијарди долари трговски обрт со Европа, испорачуваме таму 130 до 140 милијарди кубни метри гас, 200 милиони тони нафта, и затоа, тоа за нас е многу важен пазар“, изјави Медведев во интервју за каналот „Русија 24“.

„Ако европските партнери не сакаат некакви апсурдни решенија и да не избркаат од тој пазар, ние таму ќе останеме“, додаде премиерот.

Тој подвлече дека соработката со РФ одговара и на Европа.

Исто така, Дмитриј Медведев напомна дека „завртувањето кон Азија“ не е поврзано со санкциите или желбата Русија да ѝ се одмазди на Европа, туку тоа е објективно решение поврзано со брзиот развој на тамошните пазари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња