Извозот на SSJ-100 не е во опасност поради санкциите

Системот за финансиска поддршка на извозот на SSJ-100 во странство е стабилен, и засега нема никаква опасност поради санкциите од страна на ЕУ, изјави за РИА „Новости“ заменикот шеф на Министерството за трговија на Русија, Јуриј Сљусар.

Европската унија го ограничи пристапот кон европските пазари на капитал за неколку руски компании и финансиски институти, вклучувајќи ја Обединетата авиокомпанија и Внешекономбанк. Инвеститорите од ЕУ не можат да даваат финансии на овие компании на период поголем од 30 дена. Веднаш после воведувањето на санкциите на 12 септември, директорот на ОАК забележа дека нема истите да влијаат на финансиската дејност на корпорацијата, додавајќи дека ОАК не се финансира на странските пазари на капитал.

ОАК доминантно се финансира од внатрешните финансиски пазари, па затоа не постои опасност за производството на новиот руски авион SSJ-100. 

Повеќе околу темата: Кинеска компанија купува SSJ-100, Од 2006 година по 100 нови SSJ-100 годишно 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња