Русија нема потреба од воведување нови санкции како одговор на веќе донесените санкции од страна на Западот – САД и ЕУ самите себеси се казнуваат со воведувањето санкции против нафтениот сектор на Русија, смета директорот на Енергетскиот центар при „Сколково“, Григориј Вигон.
Во денешните услови пристапот до ресурсите е прилично ограничен. Сегашната ситуација нѐ тера да привлечеме компании од Истокот. Оние западни компании кои сѐ уште работат во Русија веќе губат колосален пазар. Затоа не треба да носиме некакви санкции како одговор на западните. За нас сѐ правата американската и европските влади, изјави Вигон за РИА „Новости“.
Вигон забележа дека Русија има најголем потенцијал за производство на нетрадиционални енергенси. „Со тоа, САД и ЕУ самите си ги лишуваат сопствените компании од можноста да заработат пари“, додаде експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче