Екипажите на стратешките бомбардери Ту-95МС за време на вежбите „Восток-2014“ успешно лансираа крилести ракети по цели на земјата на камчатскиот полигон „Кура“, изјави за новинарите официјален претставник на прес-службата при Министерството за одбрана на Русија.
„Екипажите на стратешките ракетоносци полетаа од авио-базата „Украинка“ и извршија четиричасовен лет, за време на кој лансираа од северниот дел на Охотското море крилести ракети по земни цели на полигонот „Кура“. Сите цели беа успешно поразени“, изјави претставник од МО.
Освен тоа, Ту-95МС лансираа крилести ракети кои имитираа средства за воздушен напад од условен противник.
„За пресретнување на ракетите, од аеродромот „Елизово“ полетаа МиГ-31 кои ги открија и уништија крилестите ракети со ракети “воздух-воздух““, соопшти офицерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче