Постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, изјави дека Москва смета дека вооружувањето на сириската опозиција за борба против терористичката група „Исламска држава“ е ризичен чекор. Рускиот дипломат оваа изјава ја даде на состанокот на Советот за безбедност на ООН, јавува „Интерфакс“.
„Крајно ризично е да се надеваме дека против „Исламската држава“ во Сирија се бори т.н. ‘умерена опозиција’ доколку истата добро се наоружа. Да се сетиме дека ‘Исламската држава’ многу воени успеси во Ирак ги постигна користејќи запленето американско оружје кое претходно беше испорачано во таа земја“, истакна Чуркин.
Претходно беше соопштено дека претседателот на САД, Барак Обама потпишал закон со кој се пропишува американската војска да ги обучува и вооружува припадниците на нерадикалната сириска опозиција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче