ЛУКОИЛ не очекува намалување на производството на нафта во Русија во 2015 година, изјави за новинарите претседателот на најголемата нафтена компанија во Русија, Вагит Алекперов.
„Обемот на производство на нафта во Русија следната година нема да се намали. Ние ќе ја стабилизираме ситуацијата“, изјави Алекперов во кулоарите на инвестицискиот форум во Сочи.
Претходно ЛУКОИЛ, како и други руски компании, се најде под санкциите на Западот. ЛУКОИЛ отсега нема пристап до европските компании и пазар на капитал, не може да врши истражување заедно со партнер-компанија од Европа, дури ни во проектите за развивање на производството на гас од шкрилци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче