Руската економија во моментов нема недостаток од пари, но страда од недостаток на квалифицирани раководства, смета шефот на најголемата руска банка Сбербанк, Герман Греф.
„Кога зборуваме за изворите на растот, секако, првично не се појавува прашањето за парите, туку прашањето за ефективноста на нашата дејност и принципот на ефективност за нивното користење. Јас не би рекол дека денес имаме дефицит од пари – денес имаме дефицит од идеи и дефицит од квалифицирани раководства“, изјави Греф во петокот за телевизискиот канал „Русија 24“.
Тој додаде дека надминувањето на негативните појави во економијата на Русија бара „сериозни напори и трансформација на голем број системи за управување“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче