Додека западот воведува нови санкции против големите руски енергетски компании, Русија се врти кон Истокот и е подготвена да го потпише вториот крупен договор со Кина за директни испораки на гас во најоддалечените делови на Кина, а тоа коренито ќе ја промени состојбата со рамнотежата на сили не само на азискиот енергетски пазар, пишува весникот Foreign Policy.
Во среда, на 17 септември, шефот на Гаспром, Алексеј Милер, за време на средбата со претседателот изјави дека во текот на преговорите со кинеските партнери биле постигнати договори за втор крупен договор, со кој се предвидува изградба на гасовод „Алтај“ и испораки во Кина на 100 милијарди кубни метри гас годишно. Планирано е договорот да биде потпишан во ноември годинава.
Само за споредба, Гаспром извезува во Европа околу 160 милијарди кубни метри гас годишно. Поради тоа, како и поради нерегулираните прашања за транзит на рускиот гас преку Украина, европските потрошувачи се плашат од прекини на испораките на гас од Русија во првиот квартал во 2015 година. Како одговор на европските стравови, Конгресот на САД веќе подготви пакет свежи санкции против енергетските компании од Русија, кои треба да бидат воведени во случај да дојде до прекин во испораките.
„Според мислењето на експертите, проектот ‘Алтај’ е внимателно испланиран потег на Путин како одговор на санкциите на САД и ЕУ. Тој решително е намерен да му покаже на Вашингтон и Брисел дека има силна карта во Кина. Како резултат на тоа, во тој судир меѓу Русија и Западот најмногу ќе добие Кина“, забележува весникот.
За да ја надокнади потребата од гас за својата брзорастечка економија, Кина има два излеза: да развива производство на гас од шкрилци, кое е доста скапо, или да купува гас од Русија.
Веднаш откако бидат пуштени во употреба гасоводите „Алтај“ и „Силата на Сибир“, ќе започне жестока конкуренција меѓу испорачувачите на гас од централна Азија и Западен Сибир со испорачувачите од Катар, Австралија, Канада и САД. На еден начин, Кина ќе стане точка на судир на интересите на Русија, САД и Канада, смета изданието.
Повеќе околу темата: Зошто на Русија ѝ е потребна иранската нафта, Што можат да направат новите санкции?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче