Санкциите нема да влијаат на вените нарачки за „Ростех“

Западните санкции нема да извршат големо влијание врз производството на државната корпорација „Ростех“ во рамките на нарачките за одбранбениот сектор, изјави прес-службата на државната корпорација.

Западните санкции нема да извршат големо влијание врз производството на државната корпорација „Ростех“ во рамките на нарачките за одбранбениот сектор, изјави прес-службата на државната корпорација.

„Санкциите нема да имаат влијание врз производството во рамките на нарачките за одбранбениот сектор, бидејќи воените производи најчесто не користат никакви европски делови. Што се однесува до реализацијата на нашето оружје на пазарот во Европа, треба да се забележи дека овие санкции нема да извршат суштествено влијание врз работата на претпријатијата, за разлика од санкциите од страна на САД“, се кажува во соопштението.

Минатата недела САД ги проширија санкциите против рускиот одбранбен сектор, вклучувајќи ја и корпорацијата „Ростех“. Претходно во американскиот список веќе се најде главата на „Ростех“, Сергеј Чемезов. Минатата недела тој се најде и во списокот санкции на ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња