Премиерот на Русија во петокот настапи на инвестицискиот форум во Сочи, каде во говор ги смири претприемачите: Русија, и покрај воведените санкции против неа, нема да гради затворена економија и нема да ги затвора вратите за соработка со странските партнери.
Шефот на руската влада речиси не ги спомна санкциите кои како одговор на Западот ги воведе Русија, но раскажа за плановите за замена на увозот на некои странски стоки, како и растот на руската индустрија во новонастанатата ситуација.
Запрашаните политиколози од страна на РИА „Новости“ сметаат дека настапот на премиерот бил сигнал за Западот треба да се започне со преговори и да се отфрли политиката на санкции, која, очигледно, не е ефективна.
Повеќе околу темата: Рускиот одговор на европските санкции, Санкциите за Русија
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче