Матвиенко: Југо-Источна Азија сака да го прошири партнерството со Русија

Државите од Југо-Источна Азија се заинтересирани да ја прошират соработката со Русија на многу нивоа, вклучувајќи ги и инфраструктурните проекти, енергетиката, транспортната сфера, изјави спикерот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко пред новинарите во петокот во Меѓупарламентарната асамблеја АСЕАН.

За време на првиот ден од посетата, Матвиенко одржа работни средби со парламентарните делегации од Сингапур и Виетнам, а во текот на денешниот ден ќе одржи средба со раководството на Лаос.

„Овие држави ја разбираат големината на рускиот пазар, ги разбираат можностите на Русија, и затоа пројавуваат голем интерес за соработка со Русија. Виетнамската делегација уште еднаш ја подвлече жеќбата да влезе во зоната за слободна трговија со Царинската унија“, изјави Матвиенко. Односите меѓу РФ и Сингапур, според зборовите на Матвинеко, се развиваат динамично.

„Заинтересирани сме за соработка со Сингапур во областа на иновациите и технологиите. Сингапур учествува во создавањето на слободни зони за економски развој на територијата на Русија, во реализацијата на инфраструктурни проекти“, додаде Матвиенко. Освен тоа, Русија и Сингапур имаат заеднички претпријатија во сферата на земјоделието, фармацевтската индустрија, телекомуникациите, бродоградилиштата, додаде претседателот на Советот на Федерацијата.

Обемот на трговско-економските односи меѓу Русија со државите на АСЕАН во 2013 година изнесувал 17,5 милијарди долари, 12,1% повеќе отколку во 2012. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.