Русија не е подготвена да се откаже од странските делови во сателитите ГЛОНАСС

Засега не може да се откаже користењето на „сѐ што е странско“ во навигациските сателити ГЛОНАСС, изјави Григориј Ступак, заменик на генералниот директор на компанијата каде се создаваат сателитите - „Руски космички системи“.

Рускиот аналог на американскиот навигациски систем GPS, во моментов е калибриран за да ја надмине точноста на американскиот систем, односно да може да ја определи местоположбата на предметите на Земјата до еден метар.

„Замената на увозните делови, секако, ќе бара и поправка на конструкторската документација. Засега не сме подготвени да се откажеме од сите странски делови во сателитите“, изјави Ступак.

Во моментов се создава „Глонасс-К“, верзија на сателитот во кој сите главни делови се од домашно, руско производство. Производството на оваа серија се очекува за 3 до 5 години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња