Пушков: Украина најдобро е да заборави на нуклеарното оружје

Шефот на комитетот во Државната дума за меѓународни работи, Алексеј Пушков, смета дека Украина нема да има нуклеарно оружје.

Шефот на комитетот во Државната дума за меѓународни работи, Алексеј Пушков, смета дека Украина нема да има нуклеарно оружје.

„Најдобро е Украина да заборави на нуклеарното оружје, како што се заборава лош сон во есенска ноќ. Колку и да го поддржуваат Киев од Западот, таа црта нема да дадат да ја премине“, напиша Пушков на својот Твитер.

Претходно министерот за одбрана на Украина, Валериј Гелетеј изјави дека Украина се подготвува да го врати статусот на нуклеарна држава.

На територијата на Украина се наоѓаат големи наоѓалишта на ураниум, енергетски блокови од нуклеарни централи, како и претпријатија каде за време на СССР се произведувале балистички ракети. Инфраструктура за создавање на нуклеарно оружје има, но за производство на таквото оружје ќе бидат потребни значителни финансиски ресурси и време, кои државата во моментов ги нема. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.