Москва и Белград ќе склучат договор за соработка

Властите на Москва и Белград по повод празнувањето на 70-годишнината на ослободувањето на српскиот главен град од фашистичките војски, ќе склучат договор за соработка меѓу двата главни града.

Властите на Москва и Белград по повод празнувањето на 70-годишнината на ослободувањето на српскиот главен град од фашистичките војски, ќе склучат договор за соработка меѓу двата главни града. За време на празнувањето во Белград ќе присуствува и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави градоначалникот на Белград, Синиша Мали.

Мали зеде учество во свечената церемонија на откривање на споменик во чест на руските и српските војници - заштитници на градот Белград во Првата светска војна.

„За време на неодамнешната посета во Москва, разговарав со градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин за можната соработка меѓу нашите два града. Во октомври славиме 70 години од ослободувањето на Белград, па затоа го очекуваме градоначалникот на Москва во нашиот град да присуствува на потпишувањето на договорот за соработка меѓу двата града“, изјави градоначалникот на Белград. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња