Европскиот парламент ги повика државите на ЕУ да ја разгледаат можноста за исклучување на Русија од системот SWIFT, се кажува во одобрената резолуција на пленарната сесија во Европскиот парламент.
Европскиот парламент разработува проекти и не носи решенија за воведување санкции, туку само повикува да се изразат мислења за посакуваните дејства.
„Се повикува ЕУ да го разгледа исклучувањето на Русија од системот SWIFT“, се кажува во резолуцијата.
SWIFT е заедница на светски меѓубанкарски телекомуникации. Дневно преку оваа мрежа поминуваат преку 6 трилиони долари и во неа учествуваат повеќе од 10.000 финансиски организации во 210 држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче