Бразил наскоро ќе купи „Панцири“ од Русија

Преговорите со Бразил за испорака на противвоздушниот систем „Панцир-С1“ се при крај, изјави за новинарите заменикот на главниот конструктор на конструкторското биро „Шишунов“, Александар Зубарев.

Преговорите со Бразил за испорака на противвоздушниот систем „Панцир-С1“ се при крај, изјави за новинарите заменикот на главниот конструктор на конструкторското биро „Шишунов“, Александар Зубарев.

Бразил претходно изјави дека планира да ги искористи системите за обезбедување на светското фудбалско првенство (кое се одржа во јуни), но договорот за „Панцирите“ остана непотпишан.

„Повеќепати се среќававме и во Бразил, и во Русија... Во почетокто на септември ние спроведовме вежби на полигонот Ашулук, каде Бразилците беа задоволни од покажаните резултати“, изјави Зубарев на изложбата Africa Aerospace and Defense, која се одржува во ЈАР.

„Се надевам дека наскоро ќе разговараме повторно за возобновување на договорот“, додаде претставникот од Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња