Аргентина ѝ предложи на Русија користење на националните валути во меѓусебната трговија

Аргентина ѝ предложи на Русија да ги користат националните валути во заемните трансакции, соопшти Министерството за економски развој на Русија.

Аргентина ѝ предложи на Русија да ги користат националните валути во заемните трансакции, соопшти Министерството за економски развој на Русија.

Оваа тема била разгледувана за време на преговорите меѓу шефот на министерството за економски развој на Русија, Алексеј Лихачов со претседателот на аргентинската меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, Карлос Бианко. Учесниците на средбата разговарале и околу зголемување на извозот на земјоделски производи од Аргентина во Русија.

Русија очекува во 2015 година да го зголеми трговскиот обрт со Аргентина до 3 милијарди долари.

Лихачов и Бианко разговараа и за состојбата и перспективите за развој на инвестициската соработка, заедничките проекти во областа на енергетиката, вклучувајќи го атомскиот сектор, транспортот и нанотехнологиите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња