Регуларниот авионски сообраќај меѓу Грузија и Русија наскоро ќе биде возобновен, најверојатно кон крајот на октомври или почетокот на ноември, пренесува агенцијата „Новости-Грузија“, повикувајќи се на прес-службата на министерството за економија на Грузија.
Регуларниот авиосообраќај меѓу Русија и Грузија беше прекинат во 2006 година после заострувањето на односите меѓу двете држави, а потоа за кратко беше нормализиран во 2008 година, за да биде повторно прекинат поради августовската војна и прекинот на дипломатските односи меѓу двете држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.