Турција не ги признава изборите на Крим

Турција не ги признава резултатите од изборите на Крим кои се одржаа на 14 септември, се кажува во извештај на турското МНР, а пренесува РИА „Новости“.

Турција не ги признава резултатите од изборите на Крим кои се одржаа на 14 септември, се кажува во извештај на турското МНР, а пренесува РИА „Новости“.

На 14 септември во 84 од 85 региони во Русија се одржаа парламентарни и локални избори. На Крим, кој влезе во составот на Русија после мартовскиот референдум, исто така се одржаа избори во согласност со руското законодавство.

„Турција не го признава незаконското приклучување на Автономната република Крим. Поради тоа, одржаните избори на 14 септември не можеме да ги признаеме“, се кажува во соопштението.

Во почетокот на септември властите на Крим ги повикаа турските претприемачи да инвестираат во развојот на индустриските паркови, енергетиката и гасните системи на Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња