Русија е подготвена да предаде некои од своите воени технологии на ЈАР, изјави директорот на Федералната служба на Русија за воено-техничка соработка, Александар Фомин.
„Имаме интерес да ги развиваме воено-техничките врски со ЈАР. Заедно со можноста за испорака на веќе готови производи во земјата, Русија е подготвена да соработува и преку предавање на одредени одбранбени технологии“, изјави Фомин за новинарите во средата во рамките на изложбата Africa Aerospace and Defence 2014.
Според неговите зборови, Русија и ЈАР можат да соработуваат како на билатерална основа, така и во рамките на БРИКС.
Какви имено технологии Русија е подготвена да предаде на оваа африканска држава, не е изјавено.
Јужноафриканската република може да биде заинтересирана за борбената оклопна машина БМП-3, како и транспортерот БТР-80А.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче