Политиката на санкции на Западот укажува дека САД и европските држави не ги интересира судбината на Украина, а нивна главна цел е да се ослаби, или да се подготви основа за промена на власта во Русија, изјави претседателот на комитетот за меѓународни односи во Државната дума, Алексеј Пушков.
„Тие, најверојатно, не гледаат да најдат излез од украинската криза, туку да објават нова политичка војна на Русија, да ја ослабат нашата економија и да ги подготват условите за промена на режимот во нашата држава“, изјави Пушков.
„И покрај предлозите на неколку држави во ЕУ да паузираат со новите пакети економски и политички санкции, ЕУ, под притисок од САД, воведе нови санкции, а по тој пат оди и Канада“, изјави Пушков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче