МНР на Русија смета дека Украина и ЕУ ќе ги почитуваат договорите за одложување на примената на правилата за зоните за слободна трговија. Во спротивно, Москва ќе биде приморана и го задржува правото да одговори на тој предизвик, се кажува во коментар на руското МНР.
„Сметаме дека властите во Киев, како и раководството на ЕУ, ќе ги почитуваат договорите кои беа постигнати на трилатералната средба со учество на Русија на 12 септември во Брисел“, се кажува во коментарот на МНР на Русија.
„Во случај да се нарушат постигнатите договори за примена на одредбите за зоните за слободна трговија, имаме право веднаш да реагираме во согласност со правилата на СТО, Царинската унија и ЗНД“, подвлечено е во МНР на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче