Продолжувањето на притисокот преку санкции врз Русија нема да помогне да се регулира украинската криза и само ќе се продолжи агонијата, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров во интервју за "El Pais".
„Очигледно е дека продолжувањето на притисокот преку санкции нема да помогне да се реши украинската криза, туку само ќе доведе до продлабочување на проблемите, ќе го усложни дијалогот. Новиот пакет санкции против Русија, кој стапи на сила на 12 септември, воопшто не ги вклучува реалиите на резултатите постигнати во Минск за регулирање на ситуацијата во Украина“, изјави Лавров за шпанскиот весник.
Таквото решение на Европа, според мислењето на министерот, практично праќа сигнал за поддршка на „заинтересираните за војна“ во Киев, а не за почитување на минските протоколи и регулирање на ситуацијата во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче