Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (МГУ) го зазеде 114 место во топ-200 универзитети во светот, сведочат податоците на британската компанија Quacquarelli Symonds (QS).
Во споредба со 2013 година (120 место), МГУ се качи за шест места во рејтингот на најдобрите универзитети. Тоа е единствен руски универзитет кој се најде во топ-200 листата.
Санктпетербуршкиот државен универзитет, Московскиот државен технички универзитет и Новосибирскиот универзитет се најдоа на 233, 322 и 328 место.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.