Премиерот на Украина, Арсениј Јацењук за време на состанокот со министрите од неговата влада изјави дека Украина треба да очекува трговски ограничувања од Русија, па затоа земјата треба да се подготви благовремено за нив и да преземе соодветни мерки.
Русија на 7 август воведе забрана во времетраење од една година за увоз на земјоделски и други видови производи од САД, ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка. Притоа, Русија практично не воведе никакви ограничувања за увоз од Украина.
„Штом Русија воведе трговски ограничувања против Украина, ние уште истиот ден ќе воведеме реципроцитетни мерки“, изјави Јацењук.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче