Економист: ЕУ е премногу слаба за да започнува „војна со санкции“ со Русија

Соединетите Американски Држави и Европската унија сакаат да удрат по банките, одбранбените и енергетските компании на Русија, но индиректно удираат по Германија, пишува The Washington Times.

Соединетите Американски Држави и Европската унија сакаат да удрат по банките, одбранбените и енергетските компании на Русија, но индиректно удираат по Германија, пишува The Washington Times.

„Војната на санкции“ меѓу Русија и Западот ги продлабочува стравовите дека европската економија ќе западне во рецесија, анулирајќи ги сите успеси во последниве децении.

„Економскиот раст во Европа се намали во вториот квартал годинава, но и покрај поголемите ризици, европските лидери се согласија да ги поддржат САД во новите санкции против Москва, кои кулминираа со последните мерки против руските и гасните компании“, пишува весникот.

Санкциите, како што се претпоставуваше, нанесоа чувствителен удар по руската економија. Истите беа создадени внимателно, со цел да нанесат колку што е можно помалку штета за економијата на Европа. Аналитичарите сѐ повеќе се сомневаат во тоа. Уште повеќе се сомневаат дека санкциите нема да имаат влијание врз државата која е двигател на европскиот економски раст - Германија.

Со приближувањето на зимата, Европа се судира со еден од најсериозните предизвици, земајќи ја предвид зависноста од рускиот природен гас.

Според мислењето на аналитичарот на Ројтерс, Олаф Сторбек, европската економија може реално да настрада од намалувањето на испораките на гас од страна на Москва. Од тоа се плашат инвеститорите, иако таквиот чекор изгледа како нереален. Русија зависи од 80 милијарди долари годишно кои ги добива од продажбите на „Гаспром“, но заради постигнување на политички цели, Русија може да се реши на таков чекор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња