Технички ракетни бази ќе се појават во секој воен округ во Русија

Во Министерството за одбрана на Русија се разгледува прашањето за создавање на технички ракетни воени бази во рамките на секој воен округ во Русија, изјави шефот на министерството за одбрана, Сергеј Шојгу.

„Разговараме за предлозите околу создавање на технички ракетни бази во секој воен округ. Создавањето дополнителни бази за чување и транспортирање, ќе дозволи во целост да се обезбедат потребите од ракети на сите единици во руската армија, колку и да се оддалечени едни од други“, изјави министерот.

Според неговите зборови, на претстојните стратешки вежби „Восток-2014“ ќе биде тестирано снабдувањето со ракети на воените единици имено на овој начин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња