Западните санкции нема да влијаат на решеноста на Руското хидрометеоролошко биро да купи суперкомпјутер за пресметување и прогнозирање на временските услови, соопшти за новинарите шефот на бирото, Роман Вилфанд.
„Околу тоа прашање засега сѐ се одвива според плановите“, изјави Вилфанд.
Во јануари, уште пред Западот да воведе санкции против Русија, владата на Русија и Светската банка потпишаа договор за лансирање нова програма за модернизирање на компјутерските капацитети на Руското хидрометеоролошко биро, во која е вклучена и набавка на нов суперкомпјутер.
Во моментов моќноста за пресметување на податоци на суперкомпјутерите во Хидрометеоролошкото биро во Русија изнесува 68 терафлопи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче