Русија и Турција можат да ги укинат ограничувањата во трговијата со земјоделски производи, соопшти за новинарите министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев после средбата со својот турски колега.
Според неговите зборови, министрите за време на средбата во вторникот разговарале за можноста за создавање зони за слободна трговија меѓу Русија и Турција. „Јасно е дека Русија е член на Царинската унија со Казахстан и Белорусија, а Турција - член на Царинската унија со Европската унија, но и едниот и другиот договор дава можност за создавање на зона за слободна трговија со трети држави“, изјави Уљукаев.
Русија на 7 август воведе ограничување за увоз на производи од неколку држави кои воведоа санкции против неа. Поради тоа, нагло е зголемена потребата од наоѓање нови пазари за замена на производите кои се увезуваа од тие држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче