НАТО не ги признава изборите на Крим кои се одржаа на 14 септември

НАТО не ги признава изборите кои се одржаа на Крим на 14 септември, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен.

НАТО не ги признава изборите кои се одржаа на Крим на 14 септември, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен.

Во Русија на 14 септември се одржа гласање во речиси сите руски региони. На Крим, кој влезе во составот на Русија после мартовскиот референдум, се одржаа парламентарни и локални избори во согласност со руското законодавство.

„НАТО не ги признава изборите од 14 септември во Автономната Република Крим. Ние продолжување да разговараме за нелегалното и незаконско „приклучување“ на Крим кон Русија, а исто така и за континуираната дестабилизација на истокот на Украина и за прекршувањето на меѓународното право“, се кажува во документот.

Како што се забележува во извештајот од прес-конференцијата на НАТО, „Алијансата ја повикува Русија да го откаже незаконското приклучување на Крим“, кое „НАТО не го признава и нема да го признае“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња