НАТО: намалувајќи го присуството во Украина, Русија не ја изгуби силата за вршење притисок

НАТО смета дека Европа го намалила своето присуство во Украина, но зачувала контингент неопходен за вршење притисок врз украинските власти, изјави командантот на вооружените сили на НАТО во Европа, Филип Бридлав.

НАТО смета дека Европа го намалила своето присуство во Украина, но зачувала контингент неопходен за вршење притисок врз украинските власти, изјави командантот на вооружените сили на НАТО во Европа, Филип Бридлав.

Никакви конкретни докази за присуство на руската војска во Украина не наведе.

Украина и западните држави повеќепати изјавуваа дека, наводно, Русија трупа војска покрај границата со Украина. Дислокацијата на руската војска вдолж границата со Украина претходно ја проверија осум инспекциски меѓународни групи.

„Тие (Русија) сега го намалуваат своето присуство, но оставија многу ефективни и добро приспособени сили на истокот, кои дозволуваат да се врши континуиран притисок врз претседателот Порошенко и врз украинското раководство. Тој притисок им дозволува да го создаваат геостратешкиот контекст на истокот на Украина во иднина“, изјави Бридлав.

Според неговите зборови, „прекинот на огнот е позитивно, бидејќи помогнал да се избегне дополнителна загуба на животи, но исто така, тоа дозволува да се создаде ситуација на истокот во Украина која може да се карактеризира како 'замрзнат конфликт'“, изјави командантот на НАТО во Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња