Циничната и неодговорна политика на САД ќе го стави светот на работ на нова „студена војна“, смета спикерот на Државната дума, Сергеј Наришкин.
„Циничната и неодговорна политика на Соединетите Американски Држави и државите кои ги следат, ќе го донесат светот до работ на нова студена војна. Нејзината обновена верзија станува реалност пред нашите очи“, изјави Наришкин, зборувајќи на заседанието на Државната дума.
Според него, хаосот во Украина не ги запрел тие кои го испровоцирале истиот пред половина година. „Долгоочекуваниот режим на прекин на огнот го прекина навреме крвопроливањето, но кризата во Украина и понатаму продолжува“, изјави Наришкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче