Минск очекува да добие руски државен кредит во висина од 1,55 милијарди долари до крајот на септември, соопштува за РИА „Новости“ Министерството за финансии на Русија.
Владата на Русија го одобри проектот на договорот за исплата на кредит на Белорусија во вредност од 1,55 милијарди долари. „Министерството за финансии на Белорусија планира наскоро да потпише договор за да се забрза исплатата на тие средства. Сметаме дека кредитот ќе биде исплатен до крајот на септември“, соопштено е на прес-службата во министерството.
Белорусија во јули доби 450 милиони долари државен кредит, согласно договорот склучен на 21 јануари 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче