Израел се откажа од предлогот да испорачува во Украина оружје, вклучувајќи и беспилотни апарати, плашејќи се да не ги наруши односите со Русија, пренесува агенцијата Франс Прес.
Како што пренесува агенцијата, претходно претставници од Киев го посетиле Израел со цел да набават воена техника која ќе може да се искористи против припадниците на народната војска на југоистокот во Украина.
Министерството за одбрана на Израел дало согласност за продажба на беспилотни летала на Украина од компанијата Aeronautics, но сепак, министерството за надворешни работи ја блокираше зделката за да се избегне влошување на односите со Москва, пренесува AFP.
Претставниците на израелското МНР не ја коментираат оваа информација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче