Половина од Русите се уверени дека живеат во држава каде е гарантирана „личната безбедност“ и каде може човек „да живее слободно и како што сака“, а можностите за наоѓање работа и образование се подобри отколку во странство.
Според податоците од анкетата на Серускиот центар за изучување на јавното мислење (ВЦИОМ), секој втор Русин (51%) е убеден дека Русија е држава која гарантира „живот во услови на лична безбендост“.
Според мислењето на 44% од Русите, во нивната земја најлесно е да се најде работа, додека 22% сметаат дека полесно е да се најде работа на Западот.
39% од Русите сметаат дека во РУсија има подобри услови за бизнис, 23% го делат спротивното мислење, а 20% од Русите сметаат дека во сите држави има еднакви можности за водење бизнис.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.