Тихоокеанската флота започна вежби во Охотското и Јапонското море

Силите на Тихоокеанската флота започна со вежби во рамките на проверката на борбената готовност во Источниот воен округ, соопштува прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.

Силите на Тихоокеанската флота започна со вежби во рамките на проверката на борбената готовност во Источниот воен округ, соопштува прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.

„Ударните групи бродови и пешадијата на копното, кои се дислоцирани на територијата на Приморјето и Камчатка започнаа со одработување на задачите за одбрана на морските комуникации во реоните во кои се наоѓаат“, се кажува во известувањето од МО на Русија.

Дејствата на групите бродови се извршуваат во водите на Охотското и Јапонското море. Во моментов активирани се борбени бродови и бродови за поддршка, авиони и хеликоптери на морската авијација, дивизии на крајбрежните војски и морската пешадија.

Во четвртокот претседателот Владимир Путин му нареди на Министерството за одбрана на Русија да спроведе непланирана проверка на борбената готовност во Источниот воен округ. Во текот на проверката учествуваат околу 100.000 војници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.