Јапонската морнарица планира заеднички вежби со Воено-морските сили на Русија кон крајот на септември

Заеднички вежби меѓу ВМС на Јапонија и Тихоокеанската флота на Русија ќе се одржат кон крајот на септември во реонот на Владивосток, пишува јапонскиот весник „Никеј“, повикувајќи се на официјален претставник на јапонското министерство за одбрана.

„Планираните спасувачки операции носат хуманитарен карактер“, изјави за весникот извор во јапонското министерство, подвлекувајќи дека јапонската команда е цврсто решена да ги возобнови контактите со руските вооружени сили, прекинати поради ситуацијата во Украина.

Освен тоа, ВМС на Јапонија планираат да извршат консултации со Русија за да „се потврди приврзаноста кон курсот за развој на билатералните односи во областа на одбраната“.

Заедничките вежби на морнарите од двете држави се спроведуваат постојано од 1998 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња