„Гаспром нафта“ планира да најде партнери за истражување на Арктикот

„Гаспром нафта“ има план да пронајде партнери со кои ќе го истражува Долгинското наоѓалиште, кое се наоѓа на арктичкиот брег на Русија, соопшти за новинарите заменикот на генералниот директор на компанијата, Вадим Јаковлев, а пренесува РИА „Новости“.

„Ние завршивме со дупчењето на Долгинското наоѓалиште кон крајот на август, а следната недела ќе започнеме со тестовите. Сега пред нас стои задача за уточнување и потврдување на обемот на резерви кои се неопходни за да се донесе решение за индустриска разработка. Паралелно ние сакаме да пронајдеме партнер-компанија со која ќе ја извршиме оваа задача. Има неколку компании кои се наоѓаат 'на листата'“, изјави Јаковлев.

Освен тоа, „Гаспром нафта“, според зборовите на Јаковлев, продолжува да ја разгледува и опцијата за истражување на Северо-Врангелското наоѓалиште со помош на партнер-компанија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.