„Гаспром нафта“ очекува раст на производството во 2015 година

„Гаспром нафта“ во 2015 година очекува раст на производствените показатели, изјави за новинарите заменикот на генералниот директор на „Гаспром нафта“, Вадим Јаковлев.

„Гаспром нафта“ во 2015 година очекува раст на производствените показатели, изјави за новинарите заменикот на генералниот директор на „Гаспром нафта“, Вадим Јаковлев.

„Што се однесува до динамиката на нашите производни показатели, во 2015 година ќе продолжи растот. Ако оваа година го зачуваме темпото од 2,5% раст, во нафтен еквивалент тоа се 5,5% раст. Следната година тој процент ќе се зголеми“, изјави Јаковлев.

Притоа, Јаковлев не конкретизираше какви ќе бидат показателите на производството за 2015 година. „Засега е рано да се зборува. Тоа ќе зависи од тоа како ќе балансираме, но доста уверено можеме да зборуваме за тоа какво темпо на раст ќе има следната година“, изјави Јаковлев. Растот на производството ќе се изврши за сметка на оренбуршкото наоѓалиште.

Според податоците за 2013 година, производството на „Гаспром нафта“ изнесувало 62,2 милиони тони. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња