Финска ќе ја продолжи изградбата на нуклеарната станица во соработка со Русија

Премиерот на Финска, Александар Стуб, изјави дека работата околу проектот за изградба на нуклеарната станица „Ханхикиви-1“ заедно со Русија нема да прекине, и покрај санкциите од страна на Европската унија, пренесува финската телевизија Yle.

Финската компанија Fennovoima и руската компанија „Рустаком Оверсиз“ (меѓународна филијала на државната корпорација „Росатом“) во декември 2013 година потпишаа договор за изградба на нуклеарната станица „Ханхикиви-1“. Станицата ќе биде изградена со руски реактор ВВЕР-1200 од проектот АЕС-2006, и, како што се планира, ќе започне со производство на електрична енергија во 2024 година. Проектот одговара на нормите на МАГАТЕ и EUR и ќе биде адаптиран соодветно финските национални барања за безбедност, кои, според мислењето на експертите, се најстрогите во светот.

„Проектот за изградба на нуклеарната станица е толку значаен, што воопшто не треба да се меша истиот со политика“, изјави Стуба. Освен тоа, според податоците на Yle, Стуб изрази мислење дека соработката на Fennovoima и „Русатом Оверсиз“ нема да ја наруши меѓународната репутација на Финска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња