Промените во макроекономијата ќе ја чинат Русија 11,6 милијарди евра

Федералниот буџет на Русија, во случај да дојде до промена на макроекономските параметри, ќе изгуби 11,6 милијарди евра во периодот од 2015-2017 година, изјави за новинарите министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.

Следната година, според планот на Министерството за економски развој, растот на БДП на Русија ќе изнесува 1%, очекувајќи забрзување на растот до 2,3% во 2016 година и 3% во 2017 година. Инфлацијата се очекува да достигне 6% во 2015 година, 4,5% во 2016 и 4% во 2017 година.

„Забележана е промена во макроекономијата. Како резултат на тоа, во следните три години федералниот буџет ќе изгуби 11,6 милијарди евра“, забележа министерот за финансии на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња