Министерството за финансии на Русија изврши поправка на основните показатели на федералниот буџет на Русија во периодот од 2015 до 2017 година. Според нив, се предвидува дефицит во федералниот буџет од 0,5% од БДП, а во 2016-2017 година дефицитот ќе изнесува 0,6% од БПД.
Во јули владата на Русија ја одобри буџетската политика за 2015-2017 година. Дефицитот на буџетот следната година ќе изнесува 328,4 милијарди рубљи. Буџетските приходи следната година ќе изнесуваат 14,924 трилиони рубљи, од кои 50% ќе бидат приходи од нафтата и гасот.
„Дефицитот следната година ќе изнесува 0,5% од БДП бидејќи средната цена на нафтата е намалена до 96 долари за барел“, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче