Министерство за финансии на Русија: Резервниот фонд на Русија „ќе се отвори“ ако цената на нафтата нагло падне

Руските власти можат да започнат со трошење на средствата од Резервниот фонд доколку дојде до неочекуван пад на цените на нафтата, изјави за новинарите министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.

Во јули заменикот министер за финансии Татјана Нестеренко соопшти дека властите започнале да разговараат за прашањето околу трошењето на средствата од Резервниот фонд наместо да се зголемат даноците. Министерството за финансии категорично истапи против оваа идеја, додавајќи дека поради проблемите околу полнењето на овој фонд, тој брзо би се потрошил.

„Нашата задача е да не го чепкаме Резервниот фонд“, забележа Силуанов. Тој предложи ако цената на нафтата падне до 80 или 90 долари за барел, дури тогаш да се отвори фондот и да се пуштат резервите во оптек.

На 1 септември 2014 година во Резервниот фонд биле акумулирани 91,72 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.