Американски генерал го потсети Путин како поминал Милошевиќ, „кого тој го копира“

Владимир Путин треба да се потсети како помина Слободан Милошевиќ, чии чекори тој ги повторува во Украина. Ова го изјави пензионираниот американски генерал, Весли Кларк на самитот на Јалтската европска стратегија во Украина.

Владимир Путин треба да се потсети како помина Слободан Милошевиќ, чии чекори тој ги повторува во Украина. Ова го изјави пензионираниот американски генерал, Весли Кларк на самитот на Јалтската европска стратегија во Украина.

„На американските дипломати од 90-те им се кажуваше: 'Не се мешајте во ситуацијата на Балканот'. Европа зборуваше дека решавањето на балканскиот конфликт е нејзина работа. Меѓутоа, на  крај мораше да интервенираат трупите на ООН и НАТО. Тоа беше долготраен процес“, изјави Кларк.

На прашањето дали САД ќе војува за Украина, Кларк потсети на изјавата на претседателот Барак Обама, кој истакна дека нема да има таква интервенција.

„Меѓутоа, сега многумина зборуваат дека не постои воено решение за конфликтот. Ќе ги потсетам САД дека своевремено фрлија две атомски бомби врз Јапонија, но и покрај тоа, се потпиша мировен договор. Т.е., на крај краишта, одлуката сепак беше политичка. Ние едноставно не сакаме да применуваме сила во овој момент“, изјави Кларк. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња