Вкупните загуби на западните држави од санкциите кои ги воведоа против Русија, заедно со одговорот кој го даде Русија – изнесуваат 40 милијарди евра, соопшти помошникот на претседателот на Русија, Андреј Белоусов.
После приклучувањето на Крим кон Русија, САД и ЕУ воведоа низа ограничувања за компаниите, банките и цели сектори од руската економија. Русија, од своја страна, воведе ограничувања за увоз на одредени видови производи од државите кои воведоа санкции против Русија.
„Според европските оценки, сумарните загуби од санкциите и антисанкциите изнесуваат 40 милијарди евра. Најмногу настрадаа оние земји со кои Русија тесно соработуваше – Германија, Холандија, Литванија, Полска, Естонија“, изјави Белоусов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче