Помошникот на претседателот на Русија: рускиот пазар е стабилен после одговорот на санкциите

Рускиот пазар на прехранбени производи после одговорот на Русија на санкциите од САД и ЕУ е стабилен и не покажува некакви негативни признаци, изјави помошникот на претседателот на Русија, Андреј Белоусов.

Рускиот пазар на прехранбени производи после одговорот на Русија на санкциите од САД и ЕУ е стабилен и не покажува некакви негативни признаци, изјави помошникот на претседателот на Русија, Андреј Белоусов.

„Сега пазарот е доста стабилен. Веќе помина доста време од моментот на воведување на антисанкциите, и засега не гледаме никакви признаци дека нешто негативно се случува на пазарите“, изјави Белоусов.Тој забележа дека цените на некои производи пораснале, но спомна дека тој раст не е поврзан со воведувањето на антисанкциите.

Белоусов забележа дека руските земјоделци, со поддршка од државата, ќе можат да ги зголемат испораките на внатрешниот пазар и да ги заменат продуктите кои досега без увезувани.

„Тоа е околу 30% од говедското месо на пазарот. Секако, сите потреби ќе ги задоволиме. 10 до 15% можеме со сопствено производство“, изјави Белоусов.

Истото, според Белоусов, се однесува и на свинското месо, пилешкото месо. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња