Спикерот на Државната дума, Сергеј Наришкин смета дека е бесполезно да се води дијалог со американските парламентарци, но смета дека тоа ќе биде можно да се направи во иднина.
„Дијалог може да има, но тој е бесполезен. Сметам дека партнерите, порано или подоцна, ќе треба да ја преземат одговорноста за судбината на светот, и таквиот дијалог ќе мора да биде договорен“, изјави Наришкин.
Тој напомна дека руските пратеници веќе им предложиле на американските парламентарци дијалог и средби за да се разговара за сирискиот проблем, но тие го откажале тоа. Тој смета дека Американците за почеток на дијалог треба да се откажат од идејата за својата исклучителност.
„Идејата за дијалог, секако, е разумна, нормална и правилна. Најважно е – колку таа идеја може да се реализира“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче