Русија сака една пријателска Украина, во која граѓаните од сите националности, вклучително и Русите, би живеле комфорно, безбедно и рамноправно, изјави во саботата шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.
„На нашите интереси им одговара силна, просперитетна и пријателска Украина. Како тоа ќе биде организирано на административен план – самите Украинци треба да решат“, изјави Лавров.
Министерот подвлече дека Русија е заинтересирана Украина да биде „вистински дом“ за сите кои живеат во неа, и „да нема обиди да се установи форма на владеење која ќе биде рефлексија на логиката на владата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.