Извештајот за падот на малезискиот Боинг не ги даде одговорите кои ги бараше руската страна, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.
Авионот Боинг 777, кој леташе од Амстердам во Куала Лимпур, падна на 17 јули во Донецката област. Сите патници загинаа. Минатиот вторник Холандија објави извештај за катастрфата на малезискиот Боинг. Експертите потврдија дека авионот се распаднат за време на летот поради „структурни дефекти, предизвикани од надворешното заедмно дејство на многубројни високоенергетски објекти“, иако изворот не успеа да наведе за какви објекти станува збор.
„Меѓународните експерти седеа три недели во Киев, разговараа со украинските власти. Никакви одговори на прашањата кои ги постави руската страна преку Министерството за одбрана и Росавијација не беа дадени“, изјави Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче